Пилешкото е полно со аминокиселина триптофан, којашто ви го дава она пријатно чувство, откако ќе ја изедете супата на вашата мајка. Доколку се чувствувате депресивно, консумирањето пилешко месо ќе го зголеми нивото на серотонин во мозокот, ќе го подобри расположението, ќе ги намали ефектите од стресот и со тоа ќе ве заштити од болести… Пилешката супа нуди антиинфламаторни својства кои ги ублажуваат симптомите на настинка и го зајакнуваат имунитетот.
Дневниот внес на јогуртот може да го зајакне имунолошкиот систем, бидејќи содржи бактериски култури на Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus. Покрај тоа, тој нуди добри количини на калциум, витамини Б и Д и други хранливи материи кои делуваат на имунолошкиот систем.
Печурките се полни со селен и витамини од групата Б, а тие се важни за совршено функционирање на имунолошкиот систем. Покрај тоа, тие се полни со полисахариди, молекули кои го зајакнуваат имунитетот. Тие се одлична храна за готвење затоа што добро ги поднесуваат другите намирници.
Спанаќот содржи фолати, витамини А и Ц, магнезиум и железо, така што може да го зајакне целиот имунолошки систем и да му обезбеди на организмот доволно хранливи материи за враќање на ДНК-та.
Сок од калинка: сите ги сакаме оние слатко – кисели плодови, но малкумина знаат колку е здраво ова овошје, особено сокот што се прави од него. Со безброј здравствени придобивки, денес ќе споменеме само дека е добар сојузник на силниот имунитет и дека треба редовно да го пиете.