Бијонсе ги повикува фановите да се „усогласени и фокусирани“ додека Соланж бара правда за Бреона Тејлор

popara5 јуни, 20201min00
imageedit_146_4742709599

Моќното дуо на сестри ги повикува фановите да стапат во акција во нивните трогателни постови на социјалните мрежи.

Бијонсе и сестра ѝ Соланж повторно ги користат своите платформи да ги поттикнат фановите да продолжат со борбата на Black Lives Matter движењето.

Во неодамнешниот Инстаграм пост, Бијонсе сподели слика од илјадници луѓе кои ги исполниле улиците на протест.

  • „Светот се соедини за Џорџ Флојд.“ – вели постот. „Знаеме дека има уште многу за одење. Треба да останеме усогласени и фокусирани во нашиот повик за вистинска правда.“

Во меѓувреме Соланж вчера се упати на Твитер за да го постави прашањето зошто полицајците кои ја убиле афроамериканката Бреона Тејлор во нејзиниот сопствен дом сѐ уште не се приведени и обвинети.

Нејзиниот оригинален твит повикува на нивно побрзо лишување од слобода, како и дека градоначалникот и власта се штитат себеси наместо да направи нешто.

Таа го повторно го постираше, додавајќи го прашањето кога тие ќе сторат нешто.

Протестите се проширија низ целиот свет по убиството на Џорџ Флојд од страна на полицијата, афроамериканец кој почина во Миниаполис откако полицаец го приклешти на земја и клечеше со колено на неговиот врат неколку минути.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma