Бијонсе ја објави „Black Parade“ среде демонстрации во САД

popara23 јуни, 20201min00
qb bp

Ѕездата на Р’н’Б, Бијонсе објави нова песна „Црна парада“ по повод „Џунтин“, денот на борбата за слобода, човекови права и еманципација во Соединетите држави.

Таа ја објави песната на 19 јуни оваа година и наведе дека целокупната заработка од неа, ќе ја донира за поддршка на претприемачите со афро-американско потекло во Соединетите држави.

„Среќен празник, се надевам дека ќе продолжиме да славиме, дури и во овие периоди на криза. Ве молиме, продолжете да верувате во вашата убавина, сила и моќ. “Black Parade” ве слави вас, вашиот глас и вашиот дух. „Сите пари од заработката ќе одат на претприемачи со афро-американско потекло низ целата земја“, напиша таа на Инстаграм.

Убиството на Џорџ Флојд, само уште еднаш го потенцираше расизмот, кој според демонстрантите е сеприсутен во американското општество.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma