Бијонсе зборува за смртта на Џорџ Флојд: „Болката е преголема!“

popara31 мај, 20201min00
b

Во петокот, пејачката сподели видео на Инстаграм во кое ги повикува фановите да бараат правда за Џорџ со потпишување на петиција на нејзината веб-страница под наслов: Правда за Џорџ Флојд на change.org, #JusticeforFloyd на act.colorofchange.org и #WeCantBreathe на wecantbreathenational.org

“Ни треба правда за Џорџ Флојд. Сите бевме сведоци на неговото убиство на сред бел ден. Ние сме скршени и згрозени. Не можеме да ја стабилизираме оваа болка. Јас не се обраќам само на обоените луѓе – без разлика дали сте бела, црна, кафеава или пак мелез, сигурена сум дека се чувствувате безнадежно од расизмот што се случува во Америка во моментов “, рече Бијонсе во своето видео.

„Нема повеќе бесмислени убиства на човечки суштества, не смееме да ги гледаме луѓето од боја како помалку од луѓе, не смееме веќе да премолчуваме. Џорџ е дел од нашето семејство и нашата човечност. Тој е наше семејство затоа што тој е Американец. Многупати бевме сведоци на насилни убиства, без никави последици. Да,  некои беа обвинети, но правдата е далеку од постигната. Ве молиме, потпишете ја петицијата и продолжете да се молите за мир и сочувство, но и закрепнување за нашата земја “.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag