‘Ќе открие се’
Канадската модна дизајнерка, 40-годишна, Џесика Малруни, на јавноста позната и како најдобра пријателка на 38-годишната Меган Маркл, неодамна се најде во средина на скандал, и тоа поради расистичките коментари кои ги упатила кој темнокожата инфлуенсерка Саша Екстер. Иако подоцна се извини поради оваа постапка, тоа се чини не беше доволно, па дизајнерката поради што изгуби многу ангажмани и договори, но и – најдобрата пријателка. Меган, наиме, поради споменатиот скандал одлучила да се дистанцира од Џесика, што би можело да се покаже како најголема грешка во нејзиниот живот, пишува New Idea.
Споменатиот таблоид, тврди дека Меган го прекинала контактот со, како што ја нарекуваат Џесика, ‘стилистка, неслужбена публицистка а понекогаш и дадилка’. Меѓутоа, игнорирањето на најдобрата пријателка би можело да се покаже како голема грешка, ако Канаѓанката се одлучи да се одмазди.
‘Џесика е бесна бидејќи Меган ја напушти кога помошта и била најпотребна. Преку ова нема лесно да помине. Таа ја чува секоја тајна на Меган, но и тајните на Хари од палатата. Ако посака да се одмазди, ќе открие се, што би било катастрофално за Меган’, тврди добро упатениот извор.
‘Меган е свесна за тоа, но не може да си дозволи да ја поврзуваат со некој кој е обвинет за расизам, а таа самата доста се ангажира околу движењето ‘Black Lives Matter’. Меган е многу загрижена. Џесика беше голем дел од нејзиниот живот, но угледот и е поважен од било што’, заклучува изворот.
Потсетуваме, дизајнерката наводно јавно се скарала со дотичната инфлуенсерка, која е Афроамериканка, и на многу неспретен начин ја спомна нејзината боја на кожа. Со оглед на тоа дека се се одвиваше во период кога во САД се на сила масовни протести поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец. Џесика автоматски е прогласена за расистка. Поради тоа неочекувано се најде на удар на бројни критики, лоши коментари, па и закани, а поради сето тоа се одлучи јавни да се извини.