Блогерот кој многумина не го сакаат е попаметен од претседателот!

popara5 јуни, 20201min00
Logan Paul Visits "The Claman Countdown"

YouTube-ерот Логан Пол, чиј канал го пратат 21,7 милиони луге, има прилично контраверзна репутација, а поради некои објави и не баш омилен, но со последното видео ги изненади сите многу позитивно.

Во видеото тој одржал страсен говор во врска со протестите против расизмот, во кои и самиот учествувал, а неговите ставови според коментарите многумина натерале да го сменат мислењето за него.

„Срам ми е да признаам, но ми требаа 25 години да сфатам дека не е доволно да не си расист – мораш да си антирасист. Да ги осудиш оние кои мислат дека се супериорни поради бојата на својата кожа. Нека се слушне твојот глас. Оди на протести. Дигни го гласот против неправдите. Ако си белец, ако изгледаш како мене, искористи ја твојата привилегија. Ако мислиш дека белците не се привилегирани, тогаш си слеп. Не ја сфаќате реалноста и сте дел од проблемот.“

Тој во продолжение ги повикал и другите инфлуенсери да го искористат влијанието кое го имаат за да ја рашират пораката за солидарност и единство.

„Мора да ги отвориме очите и да сфатиме дека постои само една раса: човечката раса“ – изјавил тој.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag