“Блондинката од Харвард” Ел Вудс ги освои срцата на гледачите со својата духовитост, искреност, оптимизам и способност да верува во сопствените цели, дури и кога другите и се потсмевале. Една од најомилените филмски блондинки, Рис Витерспун, совршено ја отсликала на филмското платно.
1. Не дозволувај да те кочи начинот на кои другите те гледаат
Студиите по право се за досадни, неубави и сериозни луѓе. А ти не си ништо од тоа, и кажал таткото на Ел Вудс откако таа им соопштила дека сака да студира на Харвард. Блиските родители на Ел сакале да ја одвратат од таа идеја, но не успеале.
2. Опкружи се со луѓе кои ги поддржуваат твоите цели
Ел Вудс на Харвард на почетокот не нашла пријатели кои би и биле поддршка во остварување на нејзините цели, но затоа имала пријатели надвор од Универзитетот.
Се спријателила со Полет кај која одела на маникир и тие две станале многу блиски, а имала и пријателки од родниот грат, Марго и Серена. Тука е и Емет со кој подоцна започнала љубовна врска. Не допуштила злобните јазици да и го уништат престојот на студии и се опкружила со луѓе кои и давале поддршка.
3. Лошите ситиуации претвори ги во добри
Ел била убедена дека Ворнер ќе ја побара за жена, но тој сосема неочекувано ја раскинал врската и многу ја повредил. Ел некое време била потиштена, но решила од лошите ситуации да извлече добри и да го следи Ворнер на Харвард.
Кога ќе го види Ворнер со свршеницата, сосема оправдано е изненадена и вознемирена. Но, на крајот е одбрана за најдобар студент на генерација.
4. Не дозволувај да те обесхрабрат “хејтерите”
Кога дошла на Харвард сите ја доживувале стереотипно како глупава блондинка и ѝ се потсмевале на стилот на облекување. Но наместо да биде непристојна и да се обиде да ги убеди дека не се во право, Ел и понатаму продолжила да се однесува исто.
5. Ако нешто ти изгледа чудно, значи навистина е чудно
Една од клучните сцени од филмот “Блондинката од Харвард” е сцената во која професорот Калахан ја повикува Ел во својата канцеларија под изговор да и честита. Тогаш тој се обидува да ја убеди дека Ел треба да спие со него ако сака да напреднува во кариерата. Таа го одбива, разочарана дека го открила вистинското лице на менторот. Таа сцена ни кажува дека не треба да трпиме сексуално вознемирување за да успееме во кариерата.
6. Не се плаши да преземеш водство
Ел знаела како да победи во правна ситуација, но никој не бил уверен во нејзината теорија дека Брук, осомничена за убиство на сопругот, е невина.
Сепак, таа мала блондинка не се плашела да преземе водство. Ако знаете да ги правите вистинските нешта, не се откажувајте и одете напред.
7. Своето знаење секогаш пренесувајте им го на другите
Во последната сцена од филмот Ел во својот говор се присетила на почетоците на Харвард и со студентите го споделила своето искуство. Лекција: секогаш наоѓајте начини како да им го пренесете на другите она што сте го научиле.
8. Уживај во успехот, но немој тоа да ти ја убие желбата за напредување
Првичната цел на Ел да се запише на Харвард и била за да го импресионира поранешното момче Ворнер. Кога тоа и успеало некое време мислела дека постигнала се што сакала, но набрзо сфатила дека одењето по иста патека со Ворнер не е доволно
9. Покажи им благодарност на луѓето кои ти помогнале да го оствариш својот сон
Собирањето и споделувањето на информации е клучно кога нешто треба да дознаете или сакате да напредувате во кариерата. Откога ќе ја постигете целта, треба да им се заблагодарите на своите врски, баш како што Ел и се заблагодарила на Полет.
10. Секогаш биди најдобра пријателка
Во некои сцени од филмот Ел изгледа како да ги поминува деновите во прогонување на поранешните момчиња. Во реалноста Ел секогаш се грижи нејзините пријателки да и бидат приоритет.