Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ се вклучи во емисијата „Премиера – Викенд специјал“, каде зборуваше за нејзиниот внук Жељко.
Да потсетиме, синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, доби наследник со сопругата Богдана, а музичката ѕвезда откри како го поминува време со него.
– Жељко е со мене, затоа не можев да снимам видео, го чувам, уживаме, тој го освежи мојот живот, не можам да се одвојам од него. Цел ден го поминувам со него и јас сум најсреќна на светот кога тие не го одведуваат. Упорно ги убедувам да прават уште едно дете, а јас да го одгледувам ова, но нема да може- рече Цеца со насмевка.