Болница во која не е заразено ниту едно медицинско лице! Еве што прават!

popara5 април, 20201min00
корона

Италија е прва во Европа по број на починати лица од коронавирусот. Според последните податоци, во земјата се заразени 124 632 лица, а починати се 15 362.

Вирусот не одмина ниту еден дел од земјата, а меѓу заразените има голем број на здравствени работници. Освен во една болница.

Додека на северот во Италија илјадници медицински лица се заразени во текот на борбата со вирусот Ковид-19, а преку стотина починаа, на југот имаа време да се подготват.

Во болницата Котуњо во Неапол, специјална установа за заразни болести која сега лекува само пациенти со Ковид-19, низ ходниците патролираат наоружани чувари.

Секој кој влегува во оваа болница го “чистат” со машина за дезинфекција која личи на аеродромски скенер. Персоналот кој ги лечи најтешките пациенти носи супермодерни маски кои повеќе личат на гас маски, за разлика од оние кои ги носи поголемиот дел од здравствениот персонал во Италија.

Облечени се во дебели водоотпорни одела, што на лекарите и на медицинските сестри им дава потполна и ефикасна заштита од вирусот.

Ниту еден од вработените досега не е заразен,  а се борат со многу тешки случаи на зараза. Со овој случај евидентно е дека заразата може да биде избегната со вистинската опрема и почитување на строгите протоколи. Еден од нив е сестрата која ја подготвува инјекцијата да им ја подаде на колегите кои се во собата со заразениот, и иако самата не влегува во собата, носи заштитна опрема која веднаш по предавањето на лекот, ја вади.

Она што е навистина впечатливо е што правилата за раздвојување на заразената средина и чистите делови ги почитуваат сите. А во случај некој да заборави, на секој чекор има наоружани чувари кои се тука да ги потсетат.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma