Борбата за децата сепак не е завршена! Бред и Анџелина се уште војуваат, но сега Бред е тој кој ја турка Анџелина во ќош! Еве што бара тој!

popara30 октомври, 202010min0
Screenshot_1

По последното рочиште на кое присуствуваа Бред Пит и Анџелина Џоли, дознавме дека Бред конечно се борел за еднакво старателство над трите биолошки деца што ги има со Анџелина, 12-годишните близнаци Вивиен и Нокс и 14-годишната Шајло. Тоа беше голем пораз за Анџелина затоа што таа бараше целосно старателство над своите деца, и биолошки и посвоени, а покрај тоа еден од адвокатите од нејзиниот правен тим реши да го напушти тимот, иако некои тврдат дека Анџелина самата го отпуштила. Од друга страна, правниот тим на Бред работи одлично заедно и нема никакви расправии меѓу нив.

View this post on Instagram

🆕 the kids 😍

A post shared by Jolie Pitt Kids (@joliepittkids_) on

Најстариот Медокс, во меѓувреме, стана полнолетен, па тој повеќе не е предмет на случајот, а тој и Бред со години не биле во добри односи, па Бред се откажал од борбите за него. Покрај тоа, со месеци пишуваше дека Шајло сака да живее со својот татко, а не со мајка си.

Извор за „The Sun“ исто така рече: „Бред и Анџелина ангажираа најскапи адвокати за да им помогнат во случајот. Но, тие се тие што прво треба да ги решат своите проблеми.“

Да потсетиме, пред Џоли да побара смена на судијата од случајот, Us Weekly откри дека нејзиниот однос со Пит е подобрен. Извор минатото лето за магазинот изјави дека Џоли и Пит се поискрени едни со други од кога било. Набргу потоа, Пит беше фотографиран како ги посетува своите деца во вилата на Анџелина Џоли двапати по ред. Сепак, мирната врска меѓу Џоли и Пит не траеше долго. Бред ја обвини Анџелина дека се обидела да влијае на нивниот случај со барање за смена на судијата, а таа добила нервен слом кога Бред ја однел Никол Потуралски во замокот во Франција каде што се венчале Анџелина и Бред.

„Пит смета дека Џоли претерала, и покрај тоа сè уште постои некакво непријателство меѓу нив. Засега нема надеж за помирување помеѓу нив двајца“, изјави извор за „The Sun“.

Извор за списанието Life & Style потврди дека Пит смета дека Џоли е неразумна со нејзините барања и дека само се обидува да создаде бариера меѓу него и децата. Претходно оваа недела магазинот „Star“ тврдеше и дека Џоли прави се што може за нејзините деца да не ги слават празниците со Пит, а нивниот извор тврди дека Бред очајнички сака да ги помине Денот на благодарноста и Божиќ со своите деца. Но, ова се исто така важни прилики за Анџелина, така што таа верува дека децата треба да бидат со неа за празниците. Стариот извор тврди и дека секој пат кога Анџелина ќе ги посети децата измислува причини зошто не може да ги посети и затоа на Бред не му преостанувало ништо друго освен да ја протурка битката за старателство, иако тој не планираше да се судри со Анџелина на суд.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag