Борделите во Швајцарија се надеваат дека ќе продолжат со работа откако ќе биде укинат карантинот, но со дополнителни мерки.
Тие смислиле план за продолжување на работата која го максимизира социјалното дистанцирање, а дел од тој план се и хигиената но и позите.
Асоцијацијата на сексуалните работници ProKoRe објавиле хигиенски прирачник овој месец со надеж дека швајцарската влада ќе го прифати нивниот предлог да почнат со работа од 8 јуни.
Иако е јасно дека проституцијата не е компатабилна со социјалното дистанцирање ProKoRe се обиделе да најдат решенија, па дури и предложиле сексуални пози кои „максимално ги одалечуваат“ двете лица.
Тие предлагаат да сесиите траат најмногу 15 минути, а собите да се проветруваат 15 минути после секоја сесија. Целата постелнина ќе се менува, а вешот ќе се пере со дезинфекциски средства. Правилникот забранува било каков допир на лицето, а препорачува и носење на маски.
Асоцијацијата размислувала и за информативна кампања со цел да се намали ризикот од зараза.