За љубителите на џин и тоници, денес ви предлагаме една зимска варијанта на овој омилен коктел. Овој пат е збогатен со вкус на ѓумбир. Поточно, амарето, кое со помош на неколку „зимски“ зачини добива препознатлив вкус на ѓумбир и со додавање на тројна сека создава навистина посебен џин и тоник.
СОСТОЈКИ :
- 125 мл амарето
- 1 стапче цимет
- 1 sвезден анасон
- 1 парче ѓумбир (со големина на лажичка)
- малку рендано морско оревче
СОСТОЈКИ за тоникот:
- 60 мл џин
- 90 ml тоник
- 20 мл зачинето амарето
- 10 ml тројна сека
- Неколку коцки мраз
ПОДГОТОВКА:
- Прво направете зачинето амарето затоа што мора да стои пред употреба. Ставете амарето, цимет, анасон, ѓумбир во стаклена тегла со капак и изрендајте малку морско оревче. Промешајте, затворете и оставете да отстои 24 часа за да се проникнат сите вкусови.
- По 24 часа исцедете го амарето и тој е подготвен за употреба.
- Ставете го амарето, џинот, троен сек и мраз во шејкер. Протресете добро и истурете во чаша, па истурете го тоникот во него и послужете.