Божиќна традиција: Излезе во јавност Божиќната честитка на кралското семејство

popara14 декември, 202010min0
NASLOVNA-KRALSKO


Секоја година во декември, принцот Вилијам и војвотката Кејт објавуваат Божиќна честитка во форма на портрет на семејството и на сите им посакуваат благословен празник. Оваа година, фотографијата излезе во јавноста пред официјално да ја објави палатата Кенсингтон и масовно се споделува на социјалните мрежи.

На фотографија за која не е јасно каде и кога е направенa, кралското семејство седи на сено. Шарлот се смести во скутот на Кејт, додека Џорџ седеше покрај нејзиниот татко. Најмладиот, Луис е меѓу неговите родители и неконтролирано се смее. Токму таа среќа на лицата на најмалите стана тема на сите коментари на социјалните мрежи.

Од друга страна, објавувањето на неофицијалната честитка предизвика страв кај луѓето кои сега сметаат дека кралското семејство нема да ја објави честитката оваа година.