Божји очи-феномен кој може да се види само во Бугарија: Оваа пештера крие неверојатна историја!

popara13 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-13 151007

Проодната пештера, позната како Божји очи, е една од главните атракции во централна Бугарија. Се наоѓа на 112 km од Софија, во близина на селото Карлуково, а долга е 262 метри. 

Пештерата е природно осветлена, благодарение на големите влезови и пештерските отвори (видици) – природните дупки на плафонот. Се наоѓаат една до друга и имаат сличен облик, а личат на две големи очи кои ги надгледуваат посетителите.

Не е случајно што ги нарекуваат Божји очи или дури и ѓаволски. Кога се гледаат од одреден агол потсетуваат на лице кое гледа надолу, а кога врне се стекнува впечаток дека од очите леат солзи.

Пештерата била населена за време на неолитот и халколитот, за што сведочат археолошките пронајдоци. Со закон е заштитена од 1962 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag