Братот на Леонардо ДиКаприо се обидел да ја убие поранешната девојка!

popara14 април, 20201min00
Leonardo di kaprio

Полубратот на славниот актер, Адам Фар, ни одблиску нема совршен живот како ДиКаприо. Тој веќе подолго време е во канџите на дрогата и е многу добро познат на полицијата. Во еден момент беше обвинет за убиство на неговата поранешна девојка.

Кога Леонардо Ди Каприо имал само една година, Пеги Ен Фарар се омажила за неговиот татко. Патем, Пеги припаѓа на религијата Амитдари Сик што потекнува од Индија и според истата не треба да ја крати косата и секогаш треба да биде чиста, а некои носат и турбан. Тие се вегетаријанци, забрането им е да пијат алкохол и да се коцкаат.

ДиКаприо е во добар однос со својата маќеа, а таа и често била гостинка на сетот на неговиот последен филм. Пеги често носи традиционални индиски фустани, а турбан почнала да носи пред неколку години. Нејзин син е Адам Фарар.

Според странските медиуми, тој бил инспирација на славниот актер да се обиде во актерските води. Во осумдесеттите години тој беше во многу филмови и телевизиски реклами.

Сепак, за разлика од него, Адам имал проблем со дрога. Тој беше обвинет за обид за убиство на неговата поранешна девојка и повеќе пати бил уапсен од страна на полицијата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag