Бред Пит го следи секој чекор на својата поранешна сопруга: Веднаш по неа и тој донираше пари во истата хуманитарна организација

popara23 јуни, 20201min00
profimedia-0493638058

Иако нивниот брак заврши пред 15 години, омилената актерка на Америка, 51-годишната Џенифер Анистон и 56-годишниот заводник, Бред Пит, сè уште се една од главните теми и на странските и на домашните медиуми. По шпекулациите за помирувањето и посвојувањето на заеднички деца, „The Mirror“ сега пишува дека Бред ги следи стапките на неговата поранешна сопруга, а причина за ваквите тврдења е најновата донација на актерот за истата добротворна организација во која инвестираше и Џенифер.

Пред неколку дена странските медиуми објавија дека ѕвездата од серијата „Пријатели“, поттикната од бруталното убиство на афроамериканецот Џорџ Флојд, донирала милион долари на организацијата „Color of change “, а медиумите сега тврдат дека и Бред Пит решил да го стори истото.

Како што открива „The Mirror“, поранешните сопружници биле многу вознемирени од сегашната состојба во Америка, а самиот Бред бил еден од демонстрантите, што дополнително го охрабрило да инвестира пари во организацијата што промовира еднаквост за сите, без оглед на бојата на кожата. Исто така, неименуван извор тврди дека актерот по протестот отишол во куќата на Џенифер, кадешто, во разговор со неа, тој решил да инвестира милион долари во “Color of change”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag