Бред Пит и Џенифер Анистон КОНЕЧНО покажаа дека не се само пријатели

popara21 јануари, 20201min00
ba

За старо-новата врска на поранешните сопружници, 56-годишниот Бред Пит и 50-годишната Џенифер Анистон, светските медиуми се распишуваа по неодамнешното доделување на Златните глобуси, кога Џенифер еуфорично реагираше на освоената наградата на Бред, а покрај тоа, таа носеше дизајнерски прстен кој беше речиси идентичен на прстенот со кој ја запроси актерот. Иако тие во тоа време изјавија дека се само навистина добри пријатели, со нивното однесување и манири за време на синоќешните награди на SAG во Лос Анџелес, сепак би се посомневале дека меѓу нив има нешто повеќе.

Се започна со судбоносна средба на црвениот тепих кога на општо задоволство на присутните, тие застанаа рамо до рамо, разменувајќи неколку зборови што измамија насмевки на нивните лица. Но, она што го привлече вниманието на обожавателите беше фактот дека тие во оваа пригода се држеа раце, а Џенифер ја искористи можноста да ја вовлече раката под сакото на Бред.

Вечерта продолжи со сличен тон кога актерката беше поканета на сцената да ја добие наградата за најдобра женска улога во серијата „The Morning Show“. Имено, додека таа заслужено доби овации од колегите, Бред сето ова го следеше од зад сцената со горда насмевка на лицето. После Џенифер, му дојде редот на актерот, па тој ја доби наградата за најдобра машка улога во филмот  „Once Upon A Time In Hollywood“, а неговата изјава беше јаготка на шлагот. „Освојувањето на оваа награда ќе морам да ја посветам на мојот Тиндер профил“, се пошегува Бред држејќи ја статуата додека за тоа време неговата поранешна сопруга ова го пропрати со насмевка на лицето“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag