Бред Пит наводно ја однел својата нова девојка, Никол Потуралски, во неговиот имот на југот на Франција, Шато Миравал, а пред точно шест години таму се венча со Анџелина Џоли.
Извор близок на актерот за „UsWeekly“ истакна дека на актерот воопшто не му е важно дали бившата ќе се налути поради тоа.
„Бред точно знае што прави и точно знае каква ќе биде реакцијата на Анџелина на неговиот потег откако ја однесе Никол во познат имот. Тој воопшто не се грижи дали Анџелина ќе полуди, а го очекува тоа “.
Пит и Џоли имаат шест деца заедно, а тие се уште се на суд поради старателство над децата, а Бред неодамна им соопшти на своите пријатели дека е презаситен што актерката толку одолговлекува на суд, па затоа реши да возврати со иста мерка.
Бред и Никол пристигнаа на раскошниот француски имот пред една недела, а бидејќи беше откриено која е неговата нова девојка, нејзините фотографии го обиколија целиот свет.
Никол Потуралски сè уште е омажена за нејзиниот 68-годишен сопруг, но бидејќи тие имаат отворен брак, тоа наводно не му пречи на нејзиниот сопруг што таа е за заљубена во Пит.