Холивудскиот заводник Бредли Купер е фотографиран како со ќерката Леа шета на една улица во Њујорк.
Бредли ја држел својата галеница за рака, а на лицата имале маски.
Она што ги разнежнило фановите е венчето со панделка кое го носел Бредли на глава, а веројатно било одбрано од страна на неговата наследничка.
Парот Бредли Купер и Ирина Шајк го делат старателството над детето. И двајцата се фокусирани на тоа да бидат добри родители и да поминуваат што е можно повеќе време со детето. За Бредли се вели дека е многу посветен татко, кој заради својата ќерка се преселил во Њујорк.