
Актерот Бредли Купер беше виден во Њујорк на прошетка со ќерката Леа Де Сена, која ја доби во врската со руската манекенка Ирина Шајк. Тие се запознаа во 2015 година, а врската ја завршија откако минатата година се појави сомнеж дека 45-годишниот актер ја изневерувал со Лејди Гага, со која остана во блиска врска по снимањето на филмот „Sвездата е родена“. Никогаш не ја потврдија романсата, но сите се убедени дека нивната врска не е ништо друго освен пријателска. Бредли отсекогаш бил одличен заводник.
Тој бил со многу холивудски убавици, како што се актерките Рене Зелвегер и Зои Салдана и манекенката Суки Вотерхаус. Неодамна беше виден во друштво на Џенифер Гарнер.
