Роме Стријд гордо го покажува својот труднички стомак. 24-годишната ангел на „Victoria’s Secret“ позираше во чипкано боди со откопчани фармерки и го покажа трудничкото стомаче.
„Сега си со големина на моето омилен овошје, авокадо“, напиша таа.
Патем, многу мајки користат семиња, овошје и зеленчук за да ја споредат големината на нивното бебе според недели.
Така, во 5-та недела бебето е големо како семе од сусам, а во 8-та веќе расте до големината на боровинка. На 14 седмици бебето е големо како лимонот.
Во 18-тата недела бебето ќе биде со големина на пиперка, а ва 20-тата недела е како банана. Во 27-та седмици бебето треба да биде големо како карфиол, а на 33 седмици големо како диња.
До 39-та недела ќе биде како тиква и на крајот ќе достигне големина на лубеница до 40-та недела.
Стројд го очекува своето прво дете со своето долгогодишно момче Лоренс ван Лејвен, а во саботата сподели и клип од ултразвучниот преглед на YouTube.
„Малку сум нервозна, но исто така возбудена“, рече таа пред редовниот преглед.
Пред неколку години на Сројд и беше дијагностициран синдром на полицистичен јајник, откако немала менструација седум години.