Британскиот принц тврди дека тој се понудил да сведочи на суд за случајот на педофилот милијардер

popara9 јуни, 20201min00
pedofil

Принц Ендру негираше дека сака да соработува со американското судство во истрагата за починатиот финансиер Џефри Епштајн, обвинет за трговија со малолетни лица, а неговите адвокати во понеделникот рекоа дека тој „понудил барем три пати“ да сведочи.

Вториот син на кралицата Елизабета Втора – „понуди помош на Министерството за правда како сведок најмалку три пати“, се вели во изјавата на неговите адвокати.

Во почетокот на март, јавниот обвинител на Менхетен (Њу Јорк) рече дека војводата од Јорк, пријател на Епштајн, ја „прекина целата соработка“ со судството во САД во истрагата.

Според информациите објавени во неделата од таблоидот “The Sun” и американските медиуми, американското Министерство за правда испратило барање до британското Министерство за внатрешни работи да го принуди принцот да сведочи.

„За жал, Министерството за правда одговори на нашите први две понуди со кршење на сопствената регулатива за доверливост“, се жалеа тие, обвинувајќи го за „можеби сакаат да рекламираат наместо да ја прифатат понудената помош“.

Принцот Ендру (60), кој веќе еднаш помина низ маки поради неговото пријателство со Епштајн, беше обвинет од Американката Вирџинија Гуфре, една од жените регрутирани од покојниот финансиер, за сексуална присила врз неа додека била малолетна.

Кога компаниите и организациите со кои соработуваше постепено го откажуваа од понаташмона соработка, по интервјуто за кое се сметаше за катастрофално, Ендру во ноември 2019 година објави дека се повлекува од јавниот живот и повеќе не се појави во јавност.

Финансиерот Џефри Епштајн, кој беше обвинет од федералниот обвинител на Менхетен во јули 2019 година за сексуална злоупотреба, се обеси на 10 август во својата ќелија во Њу Јорк.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma