Таа уште еднаш ги загрижи обожавателите со нејзиниот изглед и однесување, што може да се види во новите видеа објавени на социјалните мрежи
Американската пејачка, танчерка и текстописец Бритни Спирс (38) уште еднаш ги загрижи своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм кога објави две видеа во кои танцува, а изгледа многу застрашувачка и неуредно.
Бритни Спирс на својот Инстаграм профил објави ново видео во кое може да се види како ужива во танцот и е талентирана, но може да се види и дека е многу неуредна и е во лоша ментална состојба.
Нејзината коса е мрсна и неисчешлана, а нејзината шминка е размачкана и има темни кругови околу очите. Изгледа лошо, иако тврди поинаку – дека е добра и ужива во животот.
Под првото видео во кое танцува со песна на Били Ајлиш, им се извини на своите обожаватели и напиша:
– Знам дека треба да се нашминкам и да ја исчешлам косата, но само сакам да танцувам – напиша таа во описот на објавата.
Под друго видео во кое танцува со песната на Ријана, таа напиша дека ја сака нејзината музика и додаде:
– Се чувствувам како да летам со оваа музика – а под овој коментар, многу обожаватели ширум светот беа загрижени.
Додека некои обожаватели коментираат дека таа е на лекови или недозволени супстанции, други велат дека ова е резултат на тоа што нема контрола врз нејзиниот живот.
Тие веруваат дека таа е „заробена“ и ограничена е на тоа да одлучува за нејзиниот живот, затоа што нејзиниот татко има старателство над неа, кој исто така ги контролира нејзините финансии, од 2007 година, кога имаше нервен слом.
Движењето „Ослободете ја Бритни“ е многу активно на социјалните мрежи, а обожавателите се лути затоа што само таа е на столбот на срамот, додека другите sвезди го продолжија животот нормално по нервните сломови.
– Зошто Бритни сè уште е на столбот на срамот поради тоа што го помина во 2007ма година? Никој не го споменува минатото на Џастин Бибер, Чарли Шин, Канје Вест и други. Зошто таа е под старателство, а овие други, кои се справиле многу полошо од неа, не се? – има уште еден коментар во акцијата „Ослободете ја Бритни“.