Брз чоколаден леб- со малку повеќе чоколадо (РЕЦЕПТ)

popara5 ноември, 20202min0
Screenshot_1

Парче сочен чоколаден леб е токму она што ви треба деновиве…

Во последниве денови некако далеку повкусни ни се тестата, кугловот и слични десерти. Бидејќи веќе неколку пати сме подготвувале леб од банана, овој пат се одлучивме за сочен леб од чоколадо.

Овој леб е доволно вкусен и без додатоци, но преливот чоколадо или лажица шлаг нема да му наштети. Ако сè уште не сте ја затвориле сезоната на сладолед, слободно додадете и лажичка од омилениот вкус.

Состојки:

200гр меко брашно

40гр какао

200гр кафеав шеќер

½ лажичка сода

100гр растопен маргарин

3 јајца

120мл грчки јогурт

1 лажичка екстракт од ванила

150гр исецкано темно чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Премачкајте го плехот за леб со путер (приближно 25 х 13 см).

Во еден сад измешајте ги сите суви состојки – просеано брашно, какао, кафеав шеќер, сол и сода бикарбона.

Во друг сад изматете го стопениот и изладен путер со јајцата на собна температура. Додадете грчки јогурт и ванила.

Додадете ги сите суви состојки и добро измешајте со дрвена лажица. Бидете внимателни и не оставајте грутки брашно. На крај, промешајте ги парчињата чоколадо.

Истурете во калапот и печете 40-50 минути. Користете чепкалка за заби за да проверите дали лебот е испечен и оставете го да се олади во калапот околу 15 минути. Потоа извадете го од калапот и почекајте да се излади целосно пред да го исечете.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma