Брзи рецепти за префинети мини месни топчиња. Клучот на овој рецепт е во добриот сос!

popara21 мај, 20202min00
Screenshot_2020-05-21 Brzi recept za prefine mini mesne okruglice Ključ uspjeha je u dobrom umaku

Мини месните топчиња се секогаш добра идеја. Брзо се подготвуваат, а кога се веќе послужени, никој неможе да им одолее. Со овој рецепт за топчиња и соодветниот сос, ќе успеете да подготвите едноставно но супервкусно мезе.

Мини топчињата се совршен „fingerfood„. Мали се и неверојатно вкусни! Со соодветниот сос се уште посочни , а вкусовите можат креативно да варираат. Зависно од тоа каков сос ќе одберете, топчињата ќе бидат огнено лути, ароматични или дури и егзотични. И сигурно ќе посакате репете….

Рецепт за мини топчиња

Состојки (за отприлика 20 мини топчиња):

  • околу 500 гр мелено месо (мешано)
  • 1 јајце
  • 1 главица кромид
  • 1 пециво од претходниот ден
  • Пипер
  • Сол
  • 1-2 лажички сенф
  • околу 2 лажици насецкан зачински зеленчук
  • по желба додајте други зачини (пр. чили, мелени пиперки или кари)

Поготовка

  1. Омекнете го најпрво пецивото во топла вода или млеко, а потоа исецкајте кромидот и пропржете го во тава со зејтин додека не добиете прозирен изглед.
  2. Помешајте го пецивото со остатокот од состојките за да добиете хомогена смеса.
  3. Од смесата, обликувајте со раце мини топчиња во саканата големина па пропржете ги во тава. Совет: Ќе ви биде полесно додека топчињата ги испечете во рерна. 

Топчињата треба да имаат златеста боја и да бидат потполно печени во внатрешноста.

Идеја за сос од свежо сирење

Мини топчињата совршено се совпаѓаат со сос од свежо сирење. Рецептот е многу едноставен: промешајте свежо сирење со малку млеко додека добиете кремаста смеса. Не смее да биде премногу течна за да може подоцна фино да се соедини со топчињата. Потоа, додајте зачини по вкус. Додајте пипер и сол и насецкани зачини пример копар. Малку концентрат на рајчица и сок од лимон, ќе му додадат дополнителна свежина на сосот. До самото послужување, чувајте го сосот во ладилник. 

Креативни идеи за сосови за мини топчиња

За да немате само еден сос за мини топчињата, еве уште неколку предлози.

Наједноставен сос: помешај мајонез и кечап во еднаков сооднос.

Ароматичен сос од јогурт: помешај јогурт и свежо сирење во еднаков сооднос и зачинете со сол, пипер и кари.

Вкусен и кремаст сос од козје или фета сирење. Направете пире од сирење со малку јогуст. Смесата зачинете ја со пипер и малку чили. Рузмаринот и темјанот ќе му дадат фина арома на сосот, додадете ги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma