Брзо и едноставно: Трик со кој ќе го продолжите „рокот на траење“ на трајниот лак

popara3 април, 20201min00
lak gel

Дури и за оние кои го фатија последиот момент пред да затворат салоните за убавина за да стават траен лак, се ближи времето за нова невозможна рунда.

Ако вашите нокти пораснале до тој степен што е време да го тргнете лакот, постои трик кој ќе ви помогне да го продолжите нивниот рок на траење, за кој ќе ви треба турпија за нокти и лак со светки.

Покрај тоа што овој трик ќе ви помогне да ги прекриете несовршеностите, вашиот маникир ќе добие и сосема нов изглед.

Првиот чекор вклучува лесно обликување на ноктите со турпија за нокти за да се добие впечаток на свежо уредени нокти.

Вториот чекор е нанесување на светкавиот лак на подрастениот дел од ноктите. Играјте на начинот кој ви одговара. Можете да го пополните само пораснатот дел, а можете да пополните малку поголем дел. Крајниот резултат е омбре нокти за кои не треба да се грижите некое време.

Кога ќе бидете задоволни со конечниот изглед, можете да ги премачкате ноктите со проѕирен лак и да чекате да се исушат целосно пред да започнете со други активности.

Во продолжение погледнете го видеото во кое е прикажан овој процес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag