Писателот, научнико и зен свештеник, Ден Зигмонд, со авторката Тара Котрел, собрал мудрост од учењата на Буда, и ја објавил книгата Диета на Буда: Уметноста на губење на тежината без губење на разумот, која стана многу популарна.
Клучот за исхраната на Буда е дека храната е ограничена со време, односно дека има повремени постови: наместо да се грижите за тоа што и колку јадете, овој вид диета бара да се концентрирате на времето кога јадете и постепено да го намалите времето во кое ја консумирате храна секојдневно.
Кога ќе започнете со диетата на Буда првите две недели, јадете секој ден во период од 13 часа (што може да биде многу потешко отколку што изгледа). Потоа намалете ја временска рамка на 12 часа, а потоа 11, па на 10, за да стигнете до временската рамка од 9 часа. Што значи дека имате појадок во 9 часот наутро, а вечера околу 18 часот и не јадете ништо до следното утро.
Ако мислите дека ова е екстремно, Зигмонд потсетува дека будистичките монаси обично јадат само од зори до пладне.
Еве пет неверојатни совети од споменатата книга кои можат да ви помогнат да изгубите тежина и да останете здрави.
1. Само храбро, погледнете ја вагата
Зигмонд повикува секојдневно да ги проверувате килограмите. Следењето на телесната тежина е начин да ја преземете контролата врз вашата диета и здравјето, напоменува Зигмонд, но исто така додава дека тоа е начин да се следи она што не функционира или она што финционира во вашата исхрана.
2. Јадете што сакате, но не и лоша храна
Нема цврсти правила за тоа што треба или не треба да го јадете.
„Најважно е да јадетете храната што ја сакате и да пронајдете задоволство во неа“, пишува Зигмонд. Исхраната поради која сте гладни нема да трае долго. Наместо да ја означувате вашата храна како „добра“ или „лоша“, размислете што е „корисно“ (здрави масти, влакна и зеленчук или месо и протеини) и што не е (шеќер, преработена храна, повеќе од два алкохолни пијалоци неделно).
3. Постојат денови кога се јаде и „полоша храна“
Исхраната на Буда овозможува еден ден во неделата да се опуштите. Можете да јадете надвор од вашиот распоред.
4. Вежбајте за свое добро
Зигмонд посочува дека вежбањето обично не согорува толку калории колку што мислите, а често се случува да станете гладни. Значи, диетата не бара вежбање, но ве охрабрува ако уживате во тоа. Буда не учи дека добрата физичка форма ни помага да ги задржиме нашите умови силни и јасни. Кога да вежбате? Зигмонд препорачува наутро и наведува истражувања кои покажуваат дека вежбањето на празен стомак согорува 20 проценти повеќе маснотии отколку ако тоа го правите после оброкот.
5. Излезете од клубот „морам да ја исчистам чинијата“
Американците фрлаат неверојатна количина храна, околу 42 проценти, но решението за отпад не е „чистење“ на вашата чинија, тврди Зигмонд. Исхраната на Буда бара да размислите дали сакате остатокот од вашиот оброк да заврши во ѓубре или во вашето тело.
„Вие имате избор на она што сакате да го направите. Можете да користите контејнер за ѓубре или може да бидете конзерва за ѓубре“, пишува Зигмонд.