![кристијан 0](https://popara.mk/wp-content/uploads/2020/05/кристијан-0-e1589963651203.png)
Иако „Задруга 3“ сè уште е во тек, продукцијата во голема мерка преговара за следната, четврта сезона, која ќе започне со емитување во септември годинава.
Се шпекулира кој ќе бидат учесници во новата сезона, но она што сега е сигурно е дека еден од учесниците ќе биде Кристијан Голубовиќ!
Кристијан го потпиша договорот.
![](https://popara.mk/wp-content/uploads/2020/05/кристијан.jpg)
“Навистина очекувам нешто што досега не било, на повисоко ниво. Чувствувам и знам дека ќе има многу подобри натпреварувачи и многу подобра приказна, годините поминаа и ние сме позрели како индивидуи и мислам дека ова ќе биде најдобрата шоу програма што е досега видена. Не би сакал да видам некои девојки што ја иритираат мојата сопруга, затоа што таа вели: „Одиш таму повторно, ќе правиш некои швалерски авантури“, што не е точно, сето тоа е шоу-бизнис, се обидов да и објаснам на неа “, рече Кристијан.