Цеца и Анастасија ги вкрстија гласовите: Погледнете како мајка и ќерка доминираат на сцената заедно

30 декември, 2020
nova-godina-rts-10-830x0

Мајката и ќерката блескаа на сцената, а публиката ќе ужива во нивните хитови

Најпознатите мајка и ќерка, пејачката ѕвезда Цеца и една од најпопуларните млади пејачки, Анастасија Ражнатовиќ, ги вкрстија гласовите и ги воодушевија сите.

Цеца и Анастасија пееја заедно на сцената за време на снимањето на новогодишната програма на РТС, што ќе се емитува на 31 декември во 21 часот, а мајката и ќерката покажаа што е вистинско шоу.

Фолк-sвездата носеше долг фустан со длабок шлиц и деколте, а потоа ја смени комбинацијата и блесна во виолетова креација, исто така со светки, во склад со новогодишната еуфорија.

Анастасија ги остави сите без здив во празничната тоалета, што ја истакна нејзината волшебна фигура, па нема сомнение дека мајката и ќерката ќе бидат вистински рај за очите на новогодишната ноќ.

Цеца ги изведуваше своите популарни песни, а во еден момент ѝ се придружи и нејзината наследничка на сцената и заедно го изведоа хитот на Анастасија „Ова мала је ко камен“.

Погледнете како ќе изгледа настапот на Цаца и Анастасија на новогодишната ноќ во галеријата, како и на видеото подолу: