Светлана Цеца Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил во една прилика направи хаос откако објави фотографија стара 29 години. Во краток розев фустан со балон ракави, пејачката сигурно блескала на матурата, а за тоа секако помогнале и златните детали со кои се накитила.
За контраст, таа одбрала црвен лак за нокти. Една ваква комбинација и денес е во тренд.
„Сеќавања, 1991 година“, напиша Цеца во описот под фотографијата, предизвикувајќи лавина од коментари.