Цеца Ражнатовиќ стана рекордер во регионот – таа е прва пејачка која на Јутјуб ја следат милион фанови, а нејзините снимки вкупно имаат дури милијарда и пол прегледи.
Цеца Ражнатовиќ (46) заработува 150.000 евра годишно на Јутјуб! Фолк sвездата стана рекордер во регионот – прва пејачка која има милион следбеници на овој видео сервис, а нејзините снимки вкупно имаат дури милијарда и пол прегледи!
Поради овој рекорд, Ражнатовиќ заработува добро и во време на пандемија.
– Цеца својот Јутјуб канал го отвори во 2012 година и тука се објавени сите нејзини видеа, како и разни интервјуа, вклучително и снимка од нејзината свадба со Жељко Ражнатовиќ Аркан. Сите овие снимки имаат милиони прегледи, а нејзината најпопуларна песна „Трепни“ од 2016 година, има дури 68 милиони прегледи – вели близок до пејачката и додава:
– Цеца нема склучено договор со ниту една продукција, како што тоа го правеа повеќето нејзини колеги, така што не мора да споделува приходот со никого. Сепак, каналите кои не се спонзорираат како овој на Цеца ја исплаќаат заработката на крајот на годината. Така, Цеца заработува околу 100 000 евра годишно во последните три години, а бидејќи популарноста и расте, таа последениот пат доби 150.000 евра на сметка!