„Цел живот го штитев брат ми, не можам повеќе!“ – Прва изјава на Вилијам откако Хари одлучи го напушти семејството

popara13 јануари, 20201min00
meghan

Не е тајна дека Војводата од Кембриџ и неговиот помал брат и Војвода од Сасекс, принцот Хари, бea најдобри пријатели уште од малечки, па затоа наследникот на круната тешко ја поднесува новонастанатата ситуација.

Неколку дена откако Велика Британија и светот беа шокирани од веста дека принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл се повлекоа од редовите на „високите“ членови на кралското семејство, медиумите објавија дека неговиот постар не останал нем.

„The Sunday Times“ го цитира принцот Вилијам, кој наводно на еден пријател му кажал:

– Цел живот го штитив брат ми, но не можам повеќе. Ние сме два одвоени субјекти. Тажен сум поради тоа. Сè што можеме да сториме, сè што јас можам да направам е да се обидам да ги поддржам и се надевам дека ќе дојде моментот кога повторно ќе размислуваме исто – рече војводата од Кембриџ, додавајќи дека тој сака сите повторно да бидат во ист тим.

Членовите на британското кралско семејство денес ќе се соберат за да разговараат за иднината на принцот Хари и Меган Маркл во (или надвор) од семејството. Британските медиуми јавуваат дека кралицата Елизабета Втора, нејзиниот син, принцот Чарлс и неговите синови принцот Вилијам и принцот Хари ќе се сретнат во имотот во Сандрингам и се шпекулира дека на видео повик ќе им се придружи сопругата на Хари, Меган Маркл.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma