За љубовниот живот на Северина никогаш не се знаеле премногу детали, но хрватските медиуми со години информирале за нејзината прва голема љубов. Се работи за музичкиот продуцент Зринко Тути, кој пред неколку години беше и еден од членовите на жирито на Суперлуѓе на TV Prva.
По прекинувањето на договорот со својата музичка куќа, Северина преминала во Croatia Reсords каде на прашањето дали може да соработуваат, Зринко и одговорил дека за да има иднина на естрадата прво мора да расчисти со својот стил на млада девојка. Тој истакнал дека било време Северина девојката да прерасне во Северина жената, што токму и се случило благидарение пред се на нејзината енергија и изглед со која експресно ја придобила публиката.
Ниеден од нив двајца никогаш не ја деманитирал но не ја ни потврдил нивната врска, но за неа догло време се пишувало и шушкало низ медиумите. Според некои информации парот поминал дури 5 години заедно во тајност.