„Викенд е“, напиша манекенката Хајди Клум во описот на серијата фотографии што ги објави на Инстаграм.
Хајди и Том уживаа во приватноста овој викенд, но музичарот и неговата убава сопруга не ги лишија обожавателите од сочни детали.
Хајди и Том ја прославија својата прва брачна годишнина во февруари годинава, а судејќи според многуте фотографии што ги објавуваат на социјалните медиуми, уживаат во брачна идила. Манекенката од нејзиниот брак со поранешниот сопруг Сил има четири деца.