Чајот од кромид е вистински спас: Овој народен лек ги чисти бронхиите, ја спречува кашлицата, го спречува грипот и го зајакнува целиот организам!

popara30 јули, 20201min00
kromid

Овој чај можете да го пиете секојдневно, во големи количини, а безбеден е за трудници и за мали деца. Одличен е ако сакате да го одбегнете мирисот на кромидот, а да ги искористите сите лековити својства на оваа билка.

Исечете главица кромид со средна големина на 4 дела и прелејте ја со 3 шолји вода. Ако кромидот не е прскан, исечкајте го заедно со лушпата за да биде поделотворен. Потоа, оставете го да се вари на тивок оган, додека половина од течноста не испари, исцедете го, па испијте ја напивката топла.

Вкусот на вака приготвениот чај е сладок и пријатен, а по желба можете да го засладите со мед.

Ако вкусот на чајот не ви се допаѓа, можете да го подобрите со друга лековита билка. Во текот на варењето, додајте ливче жалфија и неколку лажички камилица или мајчина душица.

Сварениот кромид подоцна можете да го употребите за приготвување јадења, на пример да го додадете во јадења од компир или варива. Овој чај првенствено е делотворен против кашлица, а можете да го користите и за ублажување болки во грлото, настинка и грип.

За овие болести, чајот во најголемиот број случаи доволно е да се пие 2-3 дена. Чајот од кромид се користи и за срцева и за бронхијална астма. Кај потешки случаи на астма и бронхитис, чајот треба да се пие 2-3 недели, за целосно да се прочистат бронхиите и белите дробови. За астматичари, покрај овој чај се препорачува и консумирање рендана црна рдоква со додаток шеќер.

Овој чај е добар и за детоксикација и за зајакнување на организмот, односно за целокупното здравје.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma