Четири грешки во љубовта кои ги прави речиси секоја жена!

popara10 мај, 20201min00
жена 1

Љубовта е отворена книга со празни страници кои вие треба да ги испишете. Тоа е роман исполнет со убави спомени, добри и лоши искуства, грешки и правилни чекори.

Речиси 90% од жените несвесно прават одредени грешки со кои ја загрозуваат врската и љубовта.

Еве кои грешки треба да се избегнуваат во еден емотивен однос

1. Белешки од минатото

Живот во минатото носи негативност на многу полиња, а најмногу во полето на љубовта. Ако во срцето чувате барем и трошка негативни постапки од минатото, тоа може да биде токсичен напад врз партнерот. Префрлување на грешките од минатото во текот на расправија не ви носи добри работи.

2. Постојана достапност

Убаво е ако сте константна поддршка за партнерот. Но постојаната достапност прави да заборавите на вашите потреби и со тоа му покажувате на партнерот дека сте му комплетно предадени нему и на неговите желби. Обидете се да направите баланс меѓу љубовта кон партнерот и љубовта кон себе.

3. Среќата треба да се расипе

Дали познавате луѓе на кои животот им процветал, а потоа бараат причина за несреќа? Психолозите тврдат дека потребата за расипување на среќата се појавува уште во детството, во односот меѓу детето и родителите. Кога сè оди како што треба, многу жени бараат причина заради која нешто не е во совршен склад.

4. Свест за сопствената убавина и вредност

Многу жени се соочуваат со недостаток на самодоверба и со несигурност. Оваа грешка се заснова на стравот дека нема да се исполнат очекувањата на општеството или на партнерот.

Честото незадоволство може да има влијание врз желбите на жената, но и да ги наштети односите со партнерот. Кога жената ќе се освести за својата внатрешна и надворешна убавина, почнува да ужива во неа и се грижи за нејзиното одржување. Тогаш и емотивната врска станува постабилна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag