Ќе проба да го потцени проводот
Ќе ве извести дека е можно за три недели со другарите да отидат “на кратко до викендицата на некој од другарите”( и ќе го одбере најнесомнителниот другар од друштвото). Ќе прават само скара и ќе пресапие за да може да испие “пивце или две” без страв дека на враќање ќе го засатане полиција и дека за секој случај ќе тргне уште во петок затоа што во сабота има гужви на пат. Ќе се прави дека тоа се му е напорно, дека го натерале, дека мора, бидејќи веќе два пати ги одбил и да не мислат дека е толкав папучар. А тој наместо да оди на тој проклет викенд најсреќен би бил да остане со вас, ете мора да оди. Да можел не би отишол.
Ги крие имињата на учесниците
Во секое друштво има типови кои никогаш не се во долги врски, немаат обврски и имаат голема желба за забава- да речеме дека се вика Жељко. Жените не сакаат кога такви типови се вртат околу нивните партнери поради тоа што би можеле да ги расипат и доведат во искушение да направат лош чекор. Затоа се разбира дека ќе прашате дали и Жељко ќе иде со нив. Нее поради тоа што имал некои проблеми со докажување на татковството и не му е до тоа дојдено, ќе каже вашата драга половина. Кога ќе се врати ќе признае дека Жељко на крај дошол, дека одлучил во последен момент. Подоцна ќе дознаете дека со него донел и три млади пријателки…
Ве распрашува за вашиот расапоред
Нема да ви каже за плановите во последен момент, ќе го припрема теренот со недели. Драга одамна не си излегла со своите пријателки, зошто да не одиш…да кажеме оној викенд е за три недели?, ќе во пружи љубов. Или ќе купи две карти за театар да ја однесете мајка ви, не сте и купиле ништо за роденден. Оние помудрите ќе споменат идеја за да искочите со другарките за кога ќе бидете во друштво, тие да бидат водушевени како е внимателен и мисли на вас. Кога ќе се сложите, неколку дена подоцна ќе ве извести дека тогаш тој ќе оде на викенд со другарите за да не се досадува дома.
Одеднаш го снемува на социјалните мрежи. Дојде и тој петок. Проверувате вечер на инстаграм и ништо, Фејсбук-ништо, истото и во сабота и во недела пак ништо. Како беше за викенд?, го прашувате кога во недела касно попладне се враќа дома. Онака средно жалосно ќе одговори. Не си ставил ниту една слика на Инстаграм, како тоа? Се правда дека немал време, дека во петокот ја чистеле викендицата, во сабота коселе трева и ги кастреле растенијата, па морал да ја одржува скарата… воглавно, да не знаете подобро, потполно ќе се сожалите на гревчето. Вистината ќе ја дознаете за неколку дена, на кафе со девојката на еден од учесниците на “досадниот викенд”: му го земала телефонот и нашла слики од забавата од кој не би се засрамиле ни Содома и Гомора, а вашиот е сиромав, пијан до безсвест, на повеќето од сликите е во главна улога…