Пар чевли со високи потпетици, кои ги носеше покојната Ејми Вајнхаус, и ракописни стихови од песните на Бон Вокс, ќе бидат продадени на аукција од „Island records“, а сите приходи одат во хуманитарни организации во Велика Британија и Америка во борба против корона вирус. Аукцијата наречена One love covid Relief, именувана по хитот на Боб Марли, ќе се одржи на Интернет на 21 мај, а домаќин ќе биде Били Портер.