Д-р Роберт Греам: Што е чиста исхрана и како го подобрува здравјето

popara29 јули, 202017min00
zdrava ishrana
Д-р Роберт Греам – здравјето не започнува во болницата, туку во нашата заедница, куќите, кујните … Работата на д-р Роберт Греам – овластен лекар кој ја комбинира конвенционалната медицина со традиционалната, се заснова на пет главни столба: храна, релаксација, физичко вежбање, квалитетен сон и среќа. Неговиот пристап е интегрален и има за цел да ги намали причините наместо симптомите на болеста. Таквиот пристап вклучува примена на јога, медитација и здрава исхрана, заснована на растителна храна. Според него, здравството не започнува во болницата, туку во нашата заедница, куќите, кујните и спортските сали. Запознајте се со чистата исхрана Новата насока во исхраната се нарекува „чиста исхрана“. Овој вид консумирање на храна вклучува промена во целокупниот животен стил, вклучително и промена во начинот на чување на храната. Важен аспект на „чистата исхрана“ е поставување реални цели кои ќе ве поттикнат да истраете со здрава исхрана. На пример, вашата цел треба да биде да постигнете оптимално ниво на шеќер во крвта, нормален крвен притисок, посакувано ниво на енергија во текот на денот, итн. Исто така, обидете се да се ослободите од непотребните предмети од кујната, да ја реорганизирате, да одредите каде ќе ги чувате рецептите и целите кои што сакате да ги постигнете со исхраната, напишани на хартија, потоа табла на која ќе ги напишете со маркер намирниците што треба да ги купите … Подгответе порции овошје и зеленчук што ќе ги јадете дневно, а исто така можете да ги замрзнете. Одредете ден во кој ќе го избегнете месото и ќе се придржувате до планот и обидете се да пробате нови и егзотични зачини и рецепти. Задолжително одредете каков оброк ќе јадете дома во текот на денот и направете неделен план за вклучување во некоја спортска активност. Оваа „чиста исхрана“ е повеќе од јадење здрава храна и може да ви помогне целосно да го подобрите вашето здравје и навики за живеење.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma