Да се остане социјално активен во ова време е важно за менталното здравје: имаме осум генијални идеи!

popara7 април, 20202min00
druzba

Една од работите што сметаме дека е многу тешка во време на самоизолација е скратеното дружењето со драгите луѓе. Сепак, важно е да се воздржиме од посета на роднини и пријатели за да се заштитиме себеси и нив, но тоа не значи дека не можеме да останеме социјално активни.

Дружењето, дури и виртуелното, е неопходно за одржување на нашето ментално здравје. Имаме осум одлични начини како да се забавуваме со семејството и пријателите.

1. Направете групен чет за семејството и пријателите

Во деновите на епидемијата, ние не се грижиме само за себе, туку и за нашите роднини и пријатели кои не живеат со нас и кои ни недостасуваат. За среќа, живееме во ерата на интернетот што ни овозможува да се поврземе со луѓето од далечина. Разговорот со луѓето е важен дел од менталното здравје и треба да го негуваме, особено во оваа ситуација.

2. Гледајте забавни содржини од далечина

Организирајте филмска, сериска, театарска или музичка вечер со вашите пријатели. Договорете се што да гледате и во кое време и истовремено да ја стартувате избраната содржина. За да ги направите работите уште позабавни, коментирајте што гледате во заедничка група или видео повик.

Многу стриминг услуги за време на епидемијата на корона вирусот нудат бесплатна содржина, а вие само треба да изберете што ве интересира. И да не заборавиме, направете некоја вкусна закуска – пуканки и уживајте!

3. Организирајте виртуелна вечера

Вечерата заедно со пријателите исто така може да биде „преку жица“. Можностите се многубројни – една вечер посветете се на италијанската кујна и друга, на пример, на јапонската. Разменете ги рецептите, помагајте си едни на други ако не сте добри во готвењето и на крај, оставете секој од вас да се пофали со тоа што го зготвил преку видео разговорот.

4. Најдете друштво за тренинг

Да, доста е тешко да се натерате да вежбате дома, но многу е важно да се одржи здравјето. Ако имате пријател на кој исто така му е потребна мала мотивација, зошто да не организирате заеднички вежби?

5. Направете ваш литературен клуб

Карантинот им овозможи на многумина од нас повеќе време да читаат, но можеме да го искористиме и за зајакнување на нашите односи со другите. Изберете книга што ќе ја прочитате вие и вашите пријатели, поставете краен рок за читање и споделете ги вашите искуства подоцна.

6. Играјте игри

Интерактивните видео игри, исто така обезбедуваат простор за комуникација, а некои истражувања покажаа дека додека се играат компјутерски игри, луѓето развиваат различни вештини како што се снаодливост, тимска работа за постигнување на заедничка цел и можност за донесување брзи одлуки. Значи, играњето игри многу помага во професионалниот развој.

7. Пејте, играјте и танцувајте

Ако знаете да свирите инструмент, вклучете ја камерата и поканете ги пријателите на музичка вечер и забава. Вие свирете им на пријателите а они да пејат, или обратно, а можете да ги вклучите и домашните. Покрај тоа, можете да организирате натпревар за пеење и да се оцените едни со други исто како да сте биле во популарно музичко шоу.

8. Уредете ја градината

Дали имате градина или зелен простор пред или зад куќата? Одлично! Наместо да го гледате празно, средете го и засадете цвеќиња!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag