Потребно е:
- 300 гр јагоди,
- 200 гр мраз,
- 1 дл бел рум,
- 3 лажици кафеав шеќер,
- сок од еден лимон.
Подготовка:
Исчистете ги јагоите, измијте ги и ставете ги во блендер. Додадете го сокот од еден лимон, мраз, рум и шеќер и измешајте. После неколку секунди мешање, истурете ја содржината во чаша и уживајте.