Дали би пробале надградба на нокти со шпагети?

popara19 мај, 20201min00
нокти

Макарони, пенне, ригатони, равиоли, фусили… Тестенините ги сакаме во сите облици, но сепак некои најмногу сакаат шпагети и тоа заради една необична причина. Креативците не ги чуват шпагетите само на полиците во кујната, туку ги употребуваат на начини за кои веројатно никогаш не сте помислиле дека се возможни.

Во видео кое кружи на ТикТок извесен инфлуенсер внимателно нанесува шпагети на врвовите на ноктите во необична метода за надградба на нокти.

Додека вообичаено надградбата на нокти се состои од лепење делови од акрилна пластика која потоа се прилагодува на големината на ноктот, бизарната метода со тестенини вклучува лепење на шпагети на врвот на природниот нокт во нивната целосна должина.

Потоа шпагетите ги сече во саканата должина, а потоа површината се струга со апарат за полирање на нокти. Остатокот од ноктот го пополнил со акрилен гел, го зацврстил под ЛЕД лампа, а потоа со додатоци му додал драматичен изглед на ноктот.

@brothernailtech

Im no where near a artist but I try 😢 | @fashionnova fashionnovapartner #fashionnova #fyp

♬ CEO of speaking French – c.est.bon.bon

Шпагетите не се единствените прехранбени производи кои овој инфлуенсер ги користи како бизарни екстензии на нокти. Пробал и со тортиљи и помфрит, а резултатите до некаде биле и успешни.

@brothernailtech

Nobody different but I am 😤 burrito nails | @fashionnova fashionnovapartner #fashionnova #fyp

♬ Deep End Freestyle – Sleepy Hallow & Fousheé
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma