Дали два метри се доволно растојание за да се спречи ширењето на коронавирус?

popara4 април, 20201min00
вирус

Препорачаното растојание од два метри меѓу луѓето со што би се спречило ширењето на коронавирус можеби не е доволно, смета Лидија Боуроуиба, професорка на МИТ. Во студијата објавена во Journal of American Medical Association таа смета дека препораката треба да биде седум до осум метри растојание, но таквото мислење има противници.

Дишни капки

Според нејзината студија, капките исфрлени со кивање или кашлање кои содржат патогени можат да бидат фатени во расплинувачки облак кој може да ги разнесе истите многу подалеку отколку што претходно се сметало. Расплинувачкиот облак може да патува седум до осум метри, во зависност од влагата и температурата на воздухот, смета професорката.

Дадените препораки за два метри растојание се од времето на пандемија на туберкулоза од 30тите години на минатиот век .

Линзи Мар, експертка за аеросоли ширењето на дишните капки го споредува со димот од цигара. Со пристојно растојание и вентилација, се намалува и влијанието на димот од цигари врз некој.

“Вирусите кои луѓето ги ослободуваат со дишење, зборување или кашлање и кивање не излегуваат голи, туку се носени од ситни капки кои можат да патуваат низ воздухот. Како и кај димот од цигари, колку се пооддалечени од изворот, толку содржината ќе им биде поразредена”, изјавила Мар

Дел од тврдењето на професорката Боуроуиба пак, се темели на фактот дека честички од вирусот се пронајдени во системот за вентилација во една болничка соба во Кина. Според неа, ова откритие покажува можност за подалечно патување на вирусот.

Но, еден од најценетите американски инфектолози, Ентони Фаучи не е уверен во нејзините тврдења, а истражувањето го нарекол “измама”.

“Ова навистина може да доведе до заблуда. Вирусот може да се исфрла со зборување, кивање и кашлање. Но толку далеку, како наведените седум до осум метри може да излета кај екстремно силно и интензиво кивање. Секако дека ќе се потргнете ако видите некој да кива толку силно. Но таквото ширење на капки не е правило и не е тема на разговор”, смета Фаучи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag