Дали го знаете рокот за консумирање јајца, месо, сирење и зготвена храна од фрижидерот?

popara20 јули, 20203min00
kons

GREEN TEA

Дали Го Знаете Рокот За Консумирање Јајца, Месо, Сирење И Зготвена Храна Од Фрижидерот?

Publishedаприл 4, 2020

Повеќето остатоци од ручек или вечера во фрижидер може да траат три до четири дена, а бактериите можат да се развијат по овој период предизвикувајќи труење со храна.

Затоа, поголемите количини секогаш се подобри замрзнати. Температурата во фрижидерот треба да биде поставена на 4 ° C, додека температурата на замрзнувачот треба да биде -18 ° C.

Имајте на ум дека воздухот во еден фрижидер треба да може да циркулира рамномерно, па затоа е подобро да оставите простор помеѓу полиците во фрижидерот.

Да знаете колку време храната е во фрижидер, најдобро е садовите да ги обележите со датуми, бидејќи лесно може да се случи да рок на траење. Не сте сигурни дали храната е добра за јадење подобро е да ја фрлите отколку да се коцкате.

Најдобро е да ја чувате храната во фрижидер по два часа од готвењето, или порано ако доволно се излади.

Оние јадења што биле на собна температура повеќе од два часа можат да бидат штетни за здравјето. Според експертите, идејата е дека храната треба да помине што е можно помалку време на температура од 4 до 60 целзиусови степени, што е погодно за развој на бактерии.

Кога правилно се чува, храната може да стои:

1-2 дена во фрижидер

Свежо мелено месо

Свежо пилешко

Свежа риба

Подготвени сосови

Сурови школки, лигњи и ракови

Свежи колбаси

3-4 дена во фрижидер

Сурово црвено месо

Шунка

Варено месо, риба и чорби

Печена пица

Виршли

5 дена или повеќе во фрижидер

Свежи јајца (3-5 недели)

Цврсто варени јајца (7 дена)

Мајонез, по отворањето (2 месеци)

Цврсто масно сирење, по отворањето (3 до 4 недели)

Меко сирење, по отворањето како фета или свежо сирење (1 недела)

Јогурт, отворен (7 до 14 дена)

Сланина (7 дена)

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma