Дали Меган и Хари се поканети на венчавката на синот на Дејвид и Викторија Бекам?

popara30 јули, 20201min00
vencavka

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, 21-годишниот Бруклин наскоро за прв пат ќе застане пред олтарот и ќе го изговори судбоносното да со четири години постарата актерка и свршеница Никола Пелц со која беше во врска само девет месеци. Неговите родители, поранешниот фудбалер и модниот дизајнер, подготвуваат голема свадбена прослава на која ќе присуствуваат многу познати личности.

Светските медиуми сега се прашуваат дали блиските пријатели на семејството Бекам, принцот Хари и Меган Маркл, ќе присуствуваат на свадбата на Бруклин, пишува Hellomagazine.com.

Имено, Дејвид веќе многу години негува блиско пријателство со Хари и Меган, а тоа го покажува фактот дека кралската двојка ги покани него и Викторија на нивната свадба, што се случи во замокот Виндзор на 19.05.2018 година. Затоа, се очекува дека семејството Бекам ќе ги покани нив на свадбата на Бруклин, а Хари и Меган немаат причина да не присуствуваат, особено затоа што семејството Бекам им даде поддршка во нивната одлука да го напуштат кралското семејство и да се преселат во Северна Америка.

„Не разговарав со Хари за нивната одлука да се преселат“, рече Дејвид претходно во интервју за eonline. „Двајцата разговараме како пријатели и тоа е најважната работа за мене. Мислам дека тој ужива во улогата на млад татко. Го сакаме и мислиме дека тој е неверојатен човек – и што е најважно – јас сум горд на него затоа што го гледам како расте во зрелата личност што секој татко би сакал да стане.”

princ Harry

За потсетување, парот Бекам беа гости на свадбата во 2011 година на 38-годишниот принц Вилијам и 38-годишната Кејт Мидлтон, кои исто така сигурно ќе бидат поканети на свадбата на нивниот најстар син. Некои други познати гости кои најверојатно ќе дојдат на свадбата на Бруклин се музичарот Елтон Џон и поранешните „Spice Girls“, Мел Ц, Мел Б, Гери Хорнер и Ема Бунтон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma