Келвин Фернандез, кој работи за Џеј Ло и нејзиното семејство, ни открива дел од тајните во исхраната на познатата пејачка и најблиските, но и што е она што таа не сака да го види во својата чинија.
Келвин исто така е еден од заслужните за виткото тело на Лопез која иако наскоро ќе го прослави својот 51-ви роденден изгледа како да е во раните триесетти. Џенифер е многу дисциплирана кога се работи за нејзината исхрана и не јаде лосос и не е љубител на овошје. Но она што најмногу не го сака се бобинките кои пак ги има постојано во нејзиниот фрижидер бидејќи нејзините близнаци Макс и Ема ги сакаат најмногу – ни открива Келвин.
Денот по утрото се познава!
Исто така Келвин сподели детали во врска со нејзиниот појадок кој секогаш се состои од кајгана од белки и 3 вида на зеленчук. Јаглехидрати скоро и да не конзумира, додека шеќер па воопшто не. Нејзината дневна исхрана се базира на овошје, јајца и минерална вода. Кога на сево ова ќе се додадат и напорните тренинзи тогаш јасен ни е крајниот резултат. Келвин додаде дека Џенифер исто така многу добро се снаоѓа во кујната и дека му е задоволство што работи за неа и нејзиното семејство.