Меган Маркл и принцот Хари вчера ја прославија својата годишнина од свадбата, а интернетот беше преплавен со снимки од церемонијата што ја чекаше целиот свет. Деталите од сите снимки и слики се прегледуваат повторно, а Твитер е преплавен со снимки од моментот кога Меган се приближи до Хари пред олтарот.
Како што во тоа време рекоа читателите од усните, Хари и кажал: „Изгледаш прекрасно. Јас сеум среќен човек“, на што таа се насмевна.
Сега има тврдења дека Хари всушност рекол: „Изгледаш прекрасно, ќе се пос**ам“. Видео од тој момент кружи на Твитер и навистина изгледа како Хари да рече: „You look amazing. I’m shitting it“.
Британците велат дека пцуењето е нешто што личи на него и дека никој не би бил изненаден доколку навистина рекол така.