– Мојата сопруга е заљубена во мене и може да доживее неколку оргазми кога сме заедно, но често сака тоа да го доживее и сама. Имам 55, а таа 50 години, а во брак сме 25 години, па свесен сум за се што ја привлекува- ја започнува својата исповед еден анонимен маж.
– Во текот на денот таа оди во спалната соба и се заклучува.Постои само една причина зошто го прави тоа, иако никогаш не се обидов да влезам.
Таа ги негира моите заклучоци и мислам дека не сака во целост да се откаже од сексот. Но дали би нарачале уште еден оброк ако сте веќе сити? Што да правам?
Одговор: Мастурбацијата вообичаено не ја спречува желбата на личноста да сака да има интимен однос со својот партнер, но за многу луѓе нуди поинаков тип на задоволство. Во состојба се да уживаат и во самозадоволувањето, како и во другите видови на интима.
За жените, многу други чувства може да го дополнат водењето љубов и тоа понекогаш е сложен спој- љубов, задоволство, потврдување, но и оние негативните- болка, гордост, анксиозност, субмисивност, бес и фрустрација…кои мораат да ги надминат за да доживеат оргазам.
За секс со партнерот денес треба да преговарате, односно заради многуте обврски да се ускладите со време и место, а сето тоа може да влијае на искреноста на сексуалниот однос. Од друга страна, мастурбацијата е обично лишена од чувства, освен чистото задоволство, иако и двајцата партнери се задоволни од својот интимен однос.
Така што, потребата на оваа жена е само квалитетно поминато време со самата себе, што е и добро.