Алармот се вклучува, а станувањето од кревет е последната работа која сакате да ја направите. Науката проговори и еве како да се чувствувате убаво секое утро
Според Кристофер Винтер, советник за спиење, се е во циклусот…
Ако се будите во исто време секое утро, мозокот ќе се навикне. И тој прави работи кои ви помагаат да се разбудите…На пример, вашата телесна температура ќе се покачи, а одредени хормони ќе се ослободат и тие ќе ви дадат енергија за денот што следува. Ова го објаснува будењето во исто време и за време на викендите, кога алармот ви е исклучен а вие и понатаму се будите во истото време како и во работната недела. Затоа што мозокот е веќе навикнат.
Зошто е толку тешко да се стане рано наутро? Зошто се чувствуваме лошо?
Проблемот настанува кога ќе го стиснете копчето “snooze”!
Ако се вратите на спиење вашиот мозок се збунува и не знае кога треба да го разбуди телото. Тоа значи дека телото не го добива стандардното покачување на хормоните и според др. Винтер, можно е да се чувствувате “гроги”, да имате досадна главоболка, гадење и летаргија, едноставно, не ви се живее.
Не грижете се, дозволено ви е да поминете дополнителни 20 минути во кревет…најмногу. Ако заспиете повторно, можно е да заспиете длабоко, а тоа ќе ви го направи уште потежок денот кога ќе станете. Др. Винтер исто така советува да ги отворите завесите, бидејќи светлината помага во будењето и ќе ве спречи да заспиете повторно.