Дали секојдневната консумација на сирење може да биде добро за вашето срце?

popara7 април, 20201min00
parmezan

Ако имате навика да грицкате сирење секој ден, со ова можеби правите добра работа за вашето срце…

Конзумирањето на одредени италијански сирења може да го заштити вашето срце – така се вели во новата студија објавена во списанието „Journal of the American Society of Hypertension“. Во студијата учествувале луѓе со висок крвен притисок кои секојдневно консумирале 28 грама сирење Грана Падано. По два месеци, нивниот крвен притисок се намалил, додека кај друга група на учесници кои консумирале „лажно“ сирење не забележале промена.

Гранa Падано содржи состојки кои можат да ги релаксираат крвните садови и да го намалат крвниот притисок. Но, иако ова е добра вест за сите љубители на сирење, сепак треба да се ужива умерено. Сите сирења содржат големи количини маснотии и сол, така што калориите можат многу брзо да се акумулираат. Авторите на споменатата студија советуваат да се консумира околу 28 грама на ден. Исто така, треба да се направат повеќе истражувања за да се утврди дали сирењата слични на популарниот „пармезан“ ќе го имаат истиот ефект.

Колку често јадете сирење? Споделете во коментар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag